08 Мај, 2024
0.0304

ЗАЕВ: Не би и направиле никаква штета на Европа ако почнеме преговори

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Не е урнат сонот на земјава за Европската унија. Другата опција се национализмот, радикализмот, неизвесноста и враќање назад во проблематичното и мрачно време во кое никој не сака да се врати, истакнува премиерот Зоран Заев  во интервју за саботното издание на белградскиот дневен весник „Политика“, пренесува Опсервер. 

Северна Македонија, вели премиерот, е на добар пат да стане 30-та полноправна членка на НАТО. Од друга страна, одлуката за одредување датум за преговори со ЕУ беше одложена. Иако 27-те земји-членки на ЕУ јасно и гласно го поддржаа почетокот на преговорите на нашата земја со ЕУ, една земја инсистира најпрво на внатрешни реформи во ЕУ. 

„Ја поддржуваме иницијативата на францускиот претседател Емануел Макрон, но убедени сме дека Северна Македонија не би направила никаква штета ако и се даде шанса да започне преговори, туку напротив – тоа би било добра мотивација да се продолжи со внатрешни реформи, а во исто време со почитување на европските вредности, да придонесеме во реформските процеси во рамките на самата ЕУ“, нагласува Заев. 

За потегот на францускиот претседател, Емануел Макрон, смета дека е со цел да се спроведат реформите во ЕУ, како и за ефикасни преговарачки процеси на земјите што ги отворија преговорите со ЕУ. 

„Она што е важно во моментот е да се разбере дека отварањето на преговори со земја-кандидат која целосно го заврши својот дел од работата, како што е Северна Македонија, може да биде од помош на тој процес. Зошто? Затоа што покажавме дека преку искрени пријателства, со ефикасна дипломатија, политика на дијалог и консензус, со соседите и дома, ги браниме и создаваме европските вредности. Од друга страна, ако се отфрли принципот на заслуга, што може тоа да донесе? Дали напредокот ќе остане силна мотивација? Како тоа ќе влијае на другите отворени регионални прашања од кои директно зависи политичката и безбедносната состојба? Европската перспектива на Скопје и на балканските земји нема алтернатива“, изјави Заев. 

На прашањето зошто наместо оставка се распишани вонредни парламентарни избори, кога дури и Макрон има изјавено дека се испонети сите барани услови, премиерот Заев изјави дека смета да е коректно да го врати мандатот на народот, за да добие нова чиста подршка за патот во иднина. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава