Заев не е повеќе „министер за финансии“, им ја предаде државната каса на Ангеловска и Елези
Објавено во: Финансии 02 Септември, 2019
Премиерот Зоран Заев го одржа првиот состанок со новата министерка за финансии Нина Ангеловска, која од денеска заоичнува да работи како прв човек на државната каса. Покрај Ангеловска, присутна беше и Ширет Елези, заменик-министерката во овој ресор. Прмиерот смета дека двете жени беспрекорно ќе се грижат за државниот буџет.
„Драго ми е што се зголемува и бројот на жени во Владата на Република Северна Македонија. Продолжуваме со поддршката на родовата еднаквост и јакнење на влијанието на жените врз политичките случувања во државава. Министерката Нина Ангеловска и заменичката Ширет Елези ја имаат мојата целосна поддршка да управуваат со државната каса следејќи го интересот на граѓаните“, напиша Заев на својот профил на Фејснук.
Средбата со Ангеловска и Елези беше, како што вели шефот на Владата, како финална фаза одподготовката на ребалансот на Буџетот кој, според премиерот, ќе даде поддршка на капиталните проекти и на новите мерки за повисоки плати и за подобри услуги за граѓаните.
Ребалансот на буџетот ќе се најде утре како еднба од точките на редовната владина седница.