26 Април, 2024
0.0270

Заев не ги излажа рударите: Ќе ги огрее ли сонце со порано одење во пензија

Објавено во: Економија 12 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

По 35, односно 40 години поминати во рударскиот мрак, рударите конечно ќе ги огрее сонце,

Измените кои ги најави министерката за труд и социјална политика добија зелено светло од Владата.

Ова значи дека наместо на 58, рударите во пензија ќе може да заминат и на 50 години , односно оние кои работат во подземен коп ќе се пензионираат и само со работен стаж од 35 години за жени и 40 за мажи. 

Според министерката Царовска со овие измени се исправа голема неправда и се излегува пресрет на долгогодишните барања на рударите.

Пред една година од Македонска Каменица, премиерот Заев им вети на рударите дека ќе донесе закон со кој ќе се регулира и бенифицираниот стаж на оваа категорија работници. 

„Кој ли се нема бенифициран стаж во Македонија, а потребата од бенифициран стаж тргна од тешката мака на рударот. Затоа, да знаете дека и таа правда ќе дојде овде и преку бенифициран стаж, рударите полесно и побрзо ќе одат во пензија, а тоа ќе отвори нови работни места на младите луѓе“ - изјави од митинг Заев. 

Подобри услови и стандард за рударите ветуваше и вицепремиерот Кочо Анѓушев.

„Владата подготвува мерки за подобрување на условите и стандардот на работниците во рударството и мерки за поддршка на компаниите кои ќе можат да ги искористат македонските компании, но и странските инвеститори, како што е и рудникот „Саса“, кажа вицепремиерот за економски прашања лани во септември кога го посети рудникот „Саса“ во Македонска Каменица.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија