Заев поднесе оставка во Собранието
Објавено во: Македонија 25 Август, 2020
Мандатарот за состав на новата Влада Зоран Заев си поднесе оставка од пратеничката функција. Тоа треба да го сторат исите избрани пратеници кои ќе бидат дел од новата Влада односно се предложени за идни министри.
Кој ќе дојде на местото на Заев и на другите пратеници од СДСМ утврдува ДИК. Тоа се предлозите за пратеници кои се на листите на оваа партија на последните избори.
Денеска Бедри Фазлиу стана пратеник на местото на братот на идниот министер за финансии од ДУИ Фатмир Бесими, Фљорин Бесими.