Заев појасни: „Педер“ го употребив за да дадам карактерна особина
Објавено во: Македонија 13 Август, 2019
За тоа на кого мислел кога го употреби зборот „педер“, премиерот Зоран Заев се појасни на Твитер.
Тој вели дека зборот „педер“ го употребил за да даде карактерна особина, а не да означи сексуална припадност, откако претходно денеска кажа дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја симнат оваа влада од власт, одговарајќи на новинарско прашање дали знаел за рекетот на Бојан Јовановски – Боки 13.
„ЛГТБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГТБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега“, твитна Заев.
Претходно од претставници на Хелсиншкиот комитет имаше реакција на социјалните мрежи, и тие обвинија дека она што го зборувал Заев претходно било само демагогија.