04 Мај, 2024
0.0338

Заев порача од Кавадарци: За неколку дена треба и официјално да стартува откупот на грозјето

Објавено во: Економија 08 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев, денеска во Кавадарци каде заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, одржаа редба со лозаритепорача дека таму се да разговараме за решавањето на еден од најсериозните проблеми, и да најдат заедничко решение.

-Оваа година состојбата со лозарството е тешка, затоа што затворени се угостителските објекти подолг период и дома, но и во земјите кои ни се традиционални партнери и тоа предизвика да имаме 55 милиони литра вино во визбите, за разлика од лани овој период кога имаше 30-35 милиони литри. Тоа предизвикува загрижувачка состојба за сите нас. Оваа година имаме и болест, околу 20%-30% од лозовите насади се зафатени со болеста „бутритис“, која што секако предизвикуваат одредено опаѓање на грозјето и намалување на приносите, но секако и таму каде што го има грозјето, заради дождовите кои беа пред десетина, петнаесет и дваесет дена предивикуваат повисоки приноси на делот на грозјето. Денес сме во Кавадарци да изнајдеме фер решение, кое ќе биде фер за лозарите, за визбите и за државата, затоа што само на тој начин верувам дека државата чесно ќе им служи на своите граѓани. Чесно се поставивме уште со креирањето на ребалансот на буџетот во месец мај, пред изборите. Предвидовме буџетски средства, знаејќи дека ќе дојдеме до ваква тешка состојба и денеска сме овде заедно со лозарите да поразговараме за решение на конкретниот проблем, истакна премиерот Заев.

Тој истакна дека веќе е договорена откупната цена на Вранецот од 11 денари, додека за Смедеревката од 9 денари, каде државата ќе интервенира со 2+2 денари, вкупно со 4 денари за да бидат постигнати конечните цени во приход за лозарите од 15 денари за Вранец и 13 денари за Смедеревка.

-Дополнително утврдивме и смогнавме сили да најдеме 2 денари за високосортните грозја, како што е Ризлингот и другите сорти, кадешто покриваме количина од 10 милиони литри, односно 10 милиони килограми, што е издаток од дополнителни 20 милиони денари. Целата оваа дополнителна интервенција на 80 милиони килограми (за Вранец и Смедеревка) и 10 милиони килограми за високо сортното грозје дополнително ќе ја чини државата околу 340 милиони денари или 5,5 милиони евра. Развивме метода која сѐ уште ја дискутираме, да помогнеме во субституција на транспортните трошоци на наливното и на флашираното вино, и тоа 20 % од транспортните трошоци за извоз на наливното вино и 30 % од транспортни трошоци за извоз на флашираното вино, коешто во просек е околу 400 евра по возило. Тоа вкупно, во државата, излегува некаде околу 1,5 милиони евра дополнителни субвенции, се со конечна цел, да се пласираат сите тие залихи и за да можат самите визби да имаат поголем апсорбционен капацитет и секако поголем откуп на винското грозје.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?