Заев повторно се бори за лидер на СДСМ, над 80.000 членови ќе можат да гласаат
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2021
Зоран Заев се кандидираше за претседател на СДСМ, а над 80.000 партиски членови ќе можат да гласаат на 21 март на првите непосредни внатрепартиски избори.
Во согласност со Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ, Централната изборна комисија, на 26 февруари одржа седница на која беа потврдени и објавени кандидатурите за претседател на СДСМ.
„Поради тоа што немаше други пријави, Централната изборна комисија донесе Одлука за прифаќање на пријавата за кандидатурата на Зоран Заев, ја утврди и ја објави единствената листа на кандидат за Претседател на СДСМ, а тоа е Зоран Заев. Со овој крупен исчекор кон демократизација и модернизирање на партијата, СДСМ поставува нови стандарди во политичкото дејствување во државата, што ќе придонесе и за демократизација на целото општество.“, информираат од партијата.
Додаваат дека СДСМ победува затоа што постојано се менува.