19 Мај, 2024
0.0297

Заев: Правните служби работат на решение доколку Иванов не ја потпише ратификацијата за името

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Правните служби работат на решение доколку претседателот Ѓорге Иванов не го потпише законот за ратификација на договорот за името, информираше вечерва премиерот Зоран Заев во интервју за 1ТВ.

- Жалам што претседателот Иванов го пропушти моментот со тоа што вака ги позиционираше своите ставови. Јас знам дека после успешниот референдум должност е сите да се поклониме и да го поддржиме, кој со глас во Парламентот, кој со потпис. Се уште немам информација дали претседателот Иванов ќе го потпише законот за ратификација на договорот, но тој објави дека нема да го потпише и веројатно нема да потпише. Потоа Парламентот ќе треба повторно да го изгласа и после тоа е должен да го потпише. Јас очекувам таа должност, тој да ја исполни, истакна Заев и додаде дека правните служби работат на изнаоѓање на решение, доколку Иванов не потпише. 

Според Заев, ваквата пракса на Иванов да не ги потпишува законите изгласани по вторпат, како што рече, теоретски може да значи дека нема не ги потпише и следните 178 закони од Собранието.

- Решение мора да има, точно е дека имаме време Грција да го испрати писмото во ЕУ и НАТО. Во договорот стоеше Парламентот да го ратификува договорот, а не и претседателот, рече Заев.

Фото: Тв-1ТВ

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“