26 Април, 2024
0.0315

Заев препорача разрешување на Лидија Димова

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев го прифати барањето да препорача разрешување на Лидија Димова од директорската функција на Националната агенција за европски образовни програми. 

Заев на 13-та седница ја информираше Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, задолжен и за спроведување на Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата и дека ќе му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова заради неетично постапување во извршувањето на нејзината функција, поврзано со индиции за несоодветно финансиско работење и за негрижа за одржувањето на имиџот на институцијата во јавноста.

Оваа постапка ја овозможува членот 23 од Етичкиот кодекс, според кој претседателот на Владата може да побара политичка одговорност, односно барање за поднесување на оставка на носителот на извршна функција или предлог за негово разрешување, и да покрене иницијатива за информирање на надлежни институции, при што врз основа на сознанијата и одлуките на Управниот одбор, ќе се запазат сите постапки за гарантирање на принципот за презумпција на невиност.

Димова не сакаше да поднесе оставка. 

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со ново обвинување. 

„Денеска сакаме да поставиме неколку прашања во врска со проект кој е доделен на средното општинско училиште ‘Коле Нехтенин’ од Штип, проект во вредност од над 54.000 евра, за едукација за туризам на Кипар. Прашањата коишто сакаме да бидат одговорени, коишто јавноста бара да бидат одговорени се следни: Дали за овој проект што го споменав претходно, во вредност од 54.000 евра, за ова училиште да го добие главен протеже во Националната агенција била претседателката на Управниот одбор во истата агенција, Маринела Тушева, инаку сопруга на министерот за правда Бојан Маричиќ? Бидејќи, прва братучедка на Маринела Тушева е Јулијана Саздова, наставник вработен во средното општинско училиште „Коле Нехтенин“, кое го добило проектот, додека, пак, нејзиниот татко, а вујко на Маринела Тушева е Нако Ташков, инаку член на училишниот одбор во училиштето. Дали Маринела Тушева помогнала проектот да го добие училиштето во кое работи нејзината прва братучетка, а нејзиниот вујко е член на училишниот одбор?“, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Претходно имаше неколку скандали поврзани со проектите финансирани со европски пари. 

Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите