27 Јануари, 2020
0.0468

Заев се поколеба, ја одложи „метлата“ за една недела

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2019

Премиерот Зоран Заев се поколеба и имињата на функционерите од вториот и третиот ешалон кој ќе подлежат на „метлата“ наместо да ги соопшти денеска, ќе ги објави следниот вторник.

Според најавите, по владината реконструкција и изгласувањето на новите министри во Собранието,  денес требаше да биде познати кои 20-тина директори од јавните претпријатија, дирекции, комисии, фондови и агенции ќе бидат заменети со други кадри.

Како што извести синоќа 24 Вести, Заев барал дополнително време за да размисли за кадровите промени во своите редови, но и се уште немао договор со коалициониот партнер ДУИ.

Неофицијално, Васко Ковачевски наместо директор на РЕК Битола треба да биде назначен за прв човек на АД ЕЛЕМ, а на негово место да дојде неговиот заменик и претседател на СДСМ Битола, Златко Ќурчиевски. Гласините велат дека ќе има промени во раководствата на Македонија пат и Агенцијата за странски инвестиции.

Вчера генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, остваруваше средби со помалите коалициски партнери, од чии редови исто така доаѓаат прилично голем број на директори на централно и локално ниво.


Можеби ќе ве интересира

Не дишиме воздух, дишиме материја - ми порача Димовски на Макрадули

Не дишиме воздух, дишиме материја - ми порача Димовски на Макрадули

Владата со мерки за загадувањето - да се преполови користењето на службените возила

Владата со мерки за загадувањето - да се преполови користењето на службените возила

Најчевска по откриената „Јавна соба“ предлага воведување предмет сексуално образование во школите

Најчевска по откриената „Јавна соба“ предлага воведување предмет сексуално образование во школите

Савова за Фактор: Стефанова прави претстава во празно

Савова за Фактор: Стефанова прави претстава во празно

ГОЛЕМО И РАЗНОЛИКО ДРУШТВО - еве кои 30 експерти ќе го „бистрат“ законот за јавно обвинителство

ГОЛЕМО И РАЗНОЛИКО ДРУШТВО - еве кои 30 експерти ќе го „бистрат“ законот за јавно обвинителство

Јанева и врати на Стефанова: Гомнарка и ороспијо!

Јанева и врати на Стефанова: Гомнарка и ороспијо!

ПРАШАЊА ШТО НЕ МАЧАТ: Зошто за куќниот притвор на Камчев молчеле сите обвинители освен Ајро

ПРАШАЊА ШТО НЕ МАЧАТ: Зошто за куќниот притвор на Камчев молчеле сите обвинители освен Ајро

Се степале таткото и синот, сестрата ги двоела и на крај сите завршиле во болница

Се степале таткото и синот, сестрата ги двоела и на крај сите завршиле во болница

Јанева бараше од мене да се согласам Камчев, Мијалков и Јанакиески да одат во куќен притвор, вели Лиле Стафанова

Јанева бараше од мене да се согласам Камчев, Мијалков и Јанакиески да одат во куќен притвор, вели Лиле Стафанова