19 Мај, 2024
0.0296

ЗАЕВ СЕ ЗБОГУВА, ИМА ЛИ ЏОКЕР ВО РАКА: Турбуленции, избори, нови коалиции, денеска координација кај Џафери

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Многу дилеми за политичката ситуација во земјава отвори исходот од вториот круг на локалните избори годинава. Победата на независната кандидатка Данела Арсовска која ја поддржа опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, но и негативните резултати во многу други општини за СДСМ значеа и оставка на Зоран Заев од премиерската и позицијата лидер на СДСМ. Тој најави претходно дека ќе го стори тоа и вчера по соопштувањето на резултатите рече дека ја понесува одговорноста за поразот. Но кој ќе биде идниот претседател на СДСМ, а кој иден премиер? Дали треба да има и дали ќе има предвремени парламентарни избори и можно ли е ново парламентарно мнозинство? Дали се забетонирани изборните коалиции меѓу албанскиот и македонскиот политички блок на двете страни? Аналитичарите немаат конкретни одговори, сепак тврдат дека следува жешка политичка есен, па и неизвесна зима, криза која може да потрае и во почетокот на следната година. Веќе е извесно дека за денеска во 10 часот е закажана координација на политичките партии во Собранието кај претседателот Талат Џафери.

„Јас ја преземам одговорноста за лошите резултати на овие избори. Останувам на ставот дека не треба вонредни парламентарни избори. Ќе останам периодов додека треба за да помогнам за да се реорганизира нова Влада со прогресивно мнозинство кое го има и постои, а може да биде и уште зголемено. Господ да ни го чува народот и Северна Македонија. Ми беше огромна чест што можев да ви служам, мој народе – рече Заев синоќа. 

Претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари до политичките партии коишто ги подржаа - Алтернатива, Алијанса за Албанците и до Левица на Димитар Апасиев. 

„Затоа што сите заедно срушивме бариери, докажавме дека еден широк опозициски фронт е возможен. И поставивме основи за идна соработка и идна владина коалиција врз база на принципи и вредности на спојување и меѓусебна почит и разбирање. Покажавме дека и покрај разликите сепак можеме да се обединиме околу заедничка цел. Македонија без корупција која ќе се развива и оди напред, рече Мицкоски.

Според член 93 од Уставот оставката на премиерот е оставка на целата Влада. Ако ја достави оставката до претседателот на Собранието Талат Џафери ќе почнат и процедурите. 

„(...) Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата“, стои меѓудругото во членот 93 од Уставот.

Од ДУИ вчера вечерта немаа конкретен коментар на оставката на Заев, но и претходно па и синоќа високи претставници од партијата тврдеа дека многу сериозно политички се разбираат овие локални избори. 

Арбр Адеми од ДУИ синоќа на Сител изјави дека ако има предвремени избори ДУИ ќе има 20 пратеници во Собранието, но тој тврдеше дека албанската опозиција има голем минус поради колацијата со ВМРО-ДПМНЕ и рече дека на парламентари избори нема да освојат ниту еден пратеник.

„За нас не би било проблем да одиме на парламентари избори, би добиле 20 пратеници. Но албанската опозиција е во крајно неповолна позиција. Сепак дали да бараме нови избори. Ние никогаш не сме се воделе само од партиски интерес, никогаш не сме воделе. Иднината е наш интерес, рече Адеми и додаде дека не се радуваат ниту жалат за победите и поразите на другите партии.

Значи ли тоа дека дека се или не се забетонирани коалициите?

 Ние сме воделе грижа на нашиот рејтинг и поддршката на граѓаните. Не се радуваме ниту жалиме за победите на другите партии. ДУИ стои добро меѓу граѓаните. Затоа мое лично мислење е дека ВМРО-ДПМНЕ  имаат придобивки од коалицијата со АА и Алијанса, но алабанската опозиција има штета. Ако се создаде коалција пред избори на ВМРО-ДПМНЕ со Левица на следните парламентарни избори Албанците од таа коалиција вооопшто нама да имаат пратеник имајќи ги предвид стратешките цели на Левица кои не се популарни политики кон албанскиот народ, рече Адеми. 

Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ новиот градоначалник на Аеродром изјави дека времето ќе покаже дали ќе има нови избори.

„По оставката на Заев, ние сме сега пред легитимациска криза. Дали ќе има предвремени избори, ново мнозинство, времето ќе покаже. Таа е светла иднина. Во интерес на Македонија е што Заев е вече поранешен премиер, рече Муцунски. 

Инаку по статут Левица не коалицира со други партии предизборно.

Во Владата има прв вицепремиер а тоа е Артан Груби и според законот тој треба да биде премиер 100 дена пред нови избори.

Аналитичарот Арсим Зеколи синоќа праша дали по поднесената оставка на премиерот Зоран Заев можеби доаѓа период во кои 100 дена ДУИ ќе ја предводи Владата. 

„Недостасува ‚неотповиклива' но наликува на таква оставка "до новата влада". Во секој случај, добар гест. За разлика од изнудената на НГ 2017 и недадената на ХМ 2020 и ЗС 2020/21. Ова требаше да бидне лани. Сценарио Тереза Меј - Борис Џонсон? Новост и преседан кај нас? Или 100 дена ДУИ?“, напиша Зеколи.

Заев по оставката беше дециден дека тој не е за предвремени избори, туку и самиот ќе помогне СДСМ да го продолжи мандатот од 2,5 години, упатува на тоа дека треба да имаме нова влада со премиер од СДСМ.

Во вториот круг на локалните избори Данела Арсовска го порази Петре Шилегов за градоначалник на Скопје, во Куманово екс социјалдемократот Максим Димитриевски однесе победа над кандидатот од неговата доскорешно матична партија, престедателот на БЕСА Биљал Каксами е новиот градоначалник на Тетово победувајќи ја кандидатаката на ДУИ Теута Арифи а опозицијата победи и во Охрид и Битола.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“