Заев смени профилна: Носете маска!
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2020
И премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните да носат маска. Вчера имавме рекорден број новозаболени.
„Носењето заштитна маска засега е наједноставниот и најсигурен начин да ѝ се спротивставиме на пандемијата. Јас #НосамМаска затоа што се грижам за моите блиски, затоа што ги почитувам здравствените работници и бидејќи јавното здравје зависи и од однесувањето на поединецот. Секој од нас треба да биде одговорен.
Ве повикувам сите редовно да носите маска и на тој начин заедно да ја добиеме борбата со КОВИД-19, напиша Заев на фејсбук и ја промени профилната фотографија.