Заев: Унитарниот карактер на Македонија е светост
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2016
Унитарниот карактер на Македонија е светост, изјави првиот човек на СДСМ, Зоран Заев во интервју на ТВ Телма.
За двојазичноста вели дека јазикот е средство за да се разбереме и додава дека треба да се фокусираме на економски теми.
„Од тука извлекоа федерализација. Па тој бараше 62 пратеници. Има мал милион работи, а тие за тоа се фатија“ - рече Заев.
Тој вели дека нивна цел е да го соборат режимот на Никола Груевски.
„Треба да знаеме дека имаме зло пред нас. Процесот е отворен и оди напред, и нема назад. Но, треба нешто и да сработиме. Само обединети можеме да го собориме режимот токму заради неговата пенетрација и хоризонтално. Ќе се случи на крајот една опозиција од различни блокови, но исправени пред иста цел, режимот да падне“ - вели Заев.
За Албанци на кандидатските листи изјави дека ќе имаат интелектуалци Албанци социјалдемократи, кои нема да бидат маша за поткусурување на албански партии.
„Сега ќе имаме една држава едно општество“ - додаде Заев.
Вели дека не е исклучена опцијата за трка на листа во 6 - та изборна единица, но сепак рече дека 4-та изборна единица е во неговиот дух, каде што живее и работи.