Заев вети дека платите ќе растат, а парите ќе се вратат назад кај граѓаните
Објавено во: Економија 03 Јануари, 2019
Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција со министерот за финансии Драган Тевдовски изјави дека 2019 година ќе биде година на економски резултати, односно година кога ќе функционира економија за секого.
Вели дека промовирале правично оданочување, социјална заштита и реформиран пензиски систем.
Рече дека со зголемување на социјалната помош, општеството ќе понуди солидарност.
Вели дека ќе продолжат да растат платите во 2019 година.
„Ги враќаме парите назад кај граѓаните“, рече Заев.
Тевдовски изјави дека платите во текстилниот и кожарскиот сектор пораснале за повеќе од 10%.
Тој вели и дека невработеноста се намалува, и вети дека јавниот долг конечно ќе биде ставен под контрола.
фото Министерство за финансии