07 Мај, 2024
0.0309

Заев: ВМРО- ДПМНЕ си прави излет на мозокот, ние ќе имаме уште 6 пратеници

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Си ја имаат мувата на капата и си прават излет на мозокот. Вака премиерот Зоран Заев ја коментираше денеска изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој синоќа тврдеше дека има пратеници од коалицијата на СДСМ, коишто веќе разговараат за ново парламентарно мнозинство. Николоски тврдеше дека тие пратенции не се од албанска националност односно не се од Беса или од ДУИ.

„На која политичка основа ќе формираат ново парламентарно мнозинство, а без албанска партија? Со кој ќе формираат мнозинство? А што - ќе поништуваат преспански договор, договорот со Бугарија и ќе формираат чиста Македонија? Мислам дека додека не ја променат менталната матрица ќе останат во опозиција. Инаку еве да ви кажам меѓу 3 и 6 пратеници ќе дојдат во нашето парламентарно мнозинство и тоа заради политиките и предлог решенијата. Да си бидеме посветени, еве гледате златни мерки има, економија, инвестиции, рече Заев.

Инаку синоќа Николоски во гостување на телевизија Стар рече дека со пратеници од коалицијата на СДСМ разговараат за ново парламентарно мнозинство. 

„Во овој момент, еве ексклузивно има пратеници од коалицијата на СДСМ, кои што не се од Беса или од ДУИ туку од останати пратеници во рамки на коалицијата на СДСМ коишто веќе разговараат за ново парламентарно мнозинство, рече Николоски.

Заев вели и дека институциите во парламентарна демократија мора да се функционални. 

„Не сум приврзаник на вонредна состојба иако така полесно се носат одлуки. Верувам дека ќе се понесе одговорност и од власта и од опозицијата и Парламентот ќе работи онлајн дали целосно или само тие пратеници што ќе бидат позитивни, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот