29 Април, 2024
0.0284

Заев во пресрет на разговорот со Вучиќ негираше се

Објавено во: Македонија 23 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев во изјава за српски „Блиц“, во пресрет на разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, вели дека Македонија не направила ништо против Србија.

„Без никакви неинформирани или прерани заклучоци, го почитуваме и поддржуваме повикот на официјален Белград да ги заштитиме билатералните односи на Србија и Македонија и да воспоставиме стандарден кодекс на однесување. Се надевам дека во разговорот (денес на пладне) со претседателот Александар Вучиќ ќе ги решиме сите евентуални недоразбирања“, рекол Заев .

Премиерот во очи на денешниот состанок истакнува дека владата „силно е посветена на изградба на добрососедски односи со Србија“.

„Верувам дека единственот конструктивен пристап е отворен и директен дијалог за сите прашања и пронаоѓање на взаемно корисни решенија“, додал Заев.

На директното прашање дали македонската влада склучувала договори со албанското малцинство наспроти српските интереси, Заев тврди дека во прашање се „лажни вести“.

„Дозволете ми да бидам јасен, во нашата политика нема стратегија и политика на штета на Србија. Посветени сме на одржување и континуирана работа на јакнење на нашите билатерални односи со нашиот сосед Република Србија. Нашиот пристап на надворешната политика се заснова на политика на отворени врати на директен дијалог и добра волја која ќе ги реши проблемите наместо да ги создава. Сметаме дека тоа е најефикасен начин за изградба на добрососедни односи, соработка и партнерства“, вели Заев за „Блиц“.

Што се однесува до косовското прашање, Заев вели дека македонската влада „ќе настојува да изгради пријателски односи засновани на взаемна почит и јакнење на трговските врски“.

Потсетуваме, за денес на пладне е закажан телефонски разговор меѓу премиерот Заев и српскиот претседател Вучиќ по повод повлекувањето на српските дипломати од Скопје и обвинувањата на сметка на Македонија дека, во соработка со странска сила, спроведувала офанзивни работи спрема српските дипломати и му штетела на интересот на Србија.

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи