19 Мај, 2024
0.0322

ЗАЕВ ВО СОФИЈА - Ќе успее ли да го стопи бугарскиот мраз на патот кон ЕУ

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Во кусиот рок кој остана има малку време за решение на македонско-бугарскиот спор. Засега постои само благ оптмизам за евентуален договор за тешките билатерални прашања. Денеска во Софија премиерот Зоран Заев ќе се обиде да го убеди својот бугарски колега Бојко Борисов дека Бугарија на треба да го блокира стартот на преговорите на Македонија со ЕУ. Откако досега пропаднаа сите други обиди на пониско ниво. Шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, по онлајн средбата со македонскиот и со германскиот колега во рамките на Берлинскиот процес, рече дека ветото нема да биде тргнато доколку не се реши спорот во краткиот рок кој остана.

Таа тврди дека нивните услови не се сменети со години, уште еднаш обвинувајќи за говор на омраза кон Бугарија и за заобиколување на договорот од македонска страна. „Спремни сме да го сносиме товарот на ветото и евентуалното зајакнување на странските влијанија во регионот. Но, и Македонија треба да сноси одговорност“, рече бугарската министерка за надворешни работи.

Нашиот шеф на дипломатијата, пак, Бујар Османи, вели дека Регионалната иницијатива е нова можност за изнаоѓање договор меѓу Македонија и Бугарија, кој мора да биде најден во рамките на европските вредности.

Инаку, на вчерашниот онлајн состанок министрите беа придружувани од првиот човек на германската дипломатија, кој истакна дека решението мора да го најдат засегнатите страни.

Но неофицијално, кај европските дипломати се повеќе се јавува фрустрација од бугарскиот пристап, пишува европски Политико. “Бугарската тактика на изживување можеби е ефикасна за постигнување резултати во подземјето во Софија, но е крајно неприфатлива на ниво на ЕУ”, изјавил европски дипломат за „Политико“. Во написот се наведува дека доколку Бугарија, изолирана како што е досега, продолжи со својот  бекомпромисен став, ќе ја загуби добрата волја која ја ужива меѓу земјите-членки.

Инаку, денеска, лидерите на земјите од Западен Балкан, во рамките на Берлинскиот процес ќе одлучуваат за воспоставување на заеднички регионален пазар, како и за носењето на зелената агенда за Западен Балкан, како две клучни регионални иницијативи. 

Канал 5 телевизија синоќа разговараше со долгогодишниот дописник на австриската телевзија ОРФ, реномираниот новинар Кристијан Вершуц, кој го обелодени фамозниот нон-пејпер ставен на маса пред Скопје и Софија во Берлин под покровителство на канцеларката Меркел..

„Се разбира јас не сум бил присутен на тој состанок, но тоа јас сум го слушнал дека тој нон-пејпер беше компромис кој практично го прифатија двете страни под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел, а таму бил присутен и германскиот министер за надворешни работи. Но, се работи за нон-пејпер и тоа значи дека тоа не е договор туку нешто околу намерите за тоа да се почитува и очигледно на крајот стана НОН-пејпер, односно кога бугарската страна се врати во Софија, од тоа нема ништо, вели новинарот Вершуц.

„Јас лично мислам дека сите се уморни од историските прашања во врска со Македонија. Тоа го видовме во случајот со Грција кога никој во ЕУ не ја разбра суштината на спорот и ако сега ги гледаме овие барања од Бугарија тоа е уште помалку разбирливо. Единствено јас не можам да оценам колку Германија, пред се, и другите земји се подготвени да вложат енергија да извршат притисок врз Бугарија и Софија да го прифати овој нон-пејпер и оваа рамка за да почнат преговорите. Тоа не можам да го оценам“, рече Вершуц. 

А во документот составен од девет точки главниот компромис е направен во однос на македонскиот јазик.

„Бугарија го задржува правото, да изјави дека кога се повикува на македонски јазик, го разбира македонскиот јазик во согласност со Уставот на Република Северна Македонија. Претседателството на Германија ќе побара од Советот на Европа официјално да ја забележи бугарската позиција дека кога се однесува на македонскиот јазик, тоа треба да се гледа во согласност со Уставот на Република Северна Македонија. Македонија е подготвена официјално да објави дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година“, стои во документот. 

Се бара од историската комисија да биде потранспарентна.

Во останатите точки објавени во нон - пејперот Македонија и Бугарија во согласност со  Договорот за добрососедство повторно се обврзуваат да преземат мерки за спречување на ненамерна пропаганда од институциите и агенциите.

Клучна е поврзаноста и инфраструктурата. Железничката и патната врска од Драч преку Скопје до Софија и Варна, односно Коридорот 8 ќе добие поддршка во рамките на економскиот и инвестицискиот плат на Европската комисија за Западен Балкан.

Бугарија извесно време инсистира дека Македонија мора да прифати дека македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени, инаку се заканува со вето за почеток на преговори со ЕУ. 

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“