Новинар објави каков компромис прифатила Софија, но потоа се повлекла
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2020
Новинар објави каков нон пејпер прифатила Бугарија неодамна на средбата во Берлин, но потоа се повлекла.
Македонија и Бугарија постигнале договор за надминување на најавената блокада во Европската Унија на минатонеделниот состанок во Берлин, тврди австрискиот новинар Кристијан Фердинанд.
Тој денеска на својот Фејсбук профил го објави неформалниот документ кој го договориле македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи и неговата бугарска колешка, Екатерина Захариева.
Но, официјална Софија се премислила во последен момент. Во документот составен од девет точки главниот компромис е направен во однос на македонскиот јазик.
„Бугарија го задржува правото, да изјави дека кога се повикува на македонски јазик, го разбира македонскиот јазик во согласност со Уставот на Република Северна Македонија. Претседателството на Германија ќе побара од Советот на Европа официјално да ја забележи бугарската позиција дека кога се однесува на македонскиот јазик, тоа треба да се гледа во согласност со Уставот на Република Северна Македонија. Македонија е подготвена официјално да објави дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година“, стои во документот.
Се бара од историската комисија да биде потранспарентна.
Во останатите точки објавени во нон - пејперот Македонија и Бугарија во согласност со Договорот за добрососедство повторно се обврзуваат да преземат мерки за спречување на ненамерна пропаганда од институциите и агенциите.
Клучна е поврзаноста и инфраструктурата. Железничката и патната врска од Драч до преку Скопје до Софија и Варна, односно Коридорот 8 ќе добие поддршка во рамките на економскиот и инвестицискиот плат на Европската комисија за Западен Балкан.
Бугарија извесно време инсистира дека Македонија мора да прифати дека македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени, инаку нема преговори со ЕУ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.