Заев за бомбите на Ел Чека: Згрозен сум, ќе одговара
Објавено во: Македонија 17 Јули, 2019 12:09
Згрозен сум од рагозворите кои ги слушам кои с еобјавуваат сега во таканаречените нови бомби, изјади денеска премиерот Зоран Заев. Тој вели дека има истрага за случајот и тврди дека овие разговори не ги слушал во материјалите кои тој ги добил кога ги објавуваше разговорите од проектот Вистина за Македонија. Вчера лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека не слушнал приватни разговори за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ и ги обвини двете македонски партии ја девалвирале правдата.
„Институциите постапуваат, а тие бомби се неовластено снимени. Јавното обвинителство води истраги и да напоменам се работи за разговори кои се снимени од 2008 до 2014 година. Се знае тогаш кој бил одговорен за неовластено снимање и ние како тогашна опозиција сме добиле една третина од тие неовластени разговори. Од нив 70 отсто се за тогашната опозиција, за бизнис и з аневладиниот сектор, а 30 осто беа за тогашната владеачка гарнитура. Причините зошто некој го прави не ми се познати, згрозен сум од тоа што го слушам. Има и приватни раговорикои се објавуваат. Јас се што поседував дадов во СЈО, а сега се објавуваат материјали кои ние не сме ги чуле. Прашање е кој се поседува вакви материјали, рече Заев.
Го повика Ел Чека да објави бомба и за него.
„Овој човек ќе одговара. Ќе одговара кога тогаш. Ако има нешто за мене нека објави, рече Заев.
Можеби ќе ве интересира
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово
Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента
Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати




