27 Април, 2024
0.0345

Заев за Фактор: Работникот од јавниот сектор да му помогне на работникот во приватниот

Објавено во: Економија 30 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Во однос на прашањето за тоа каков ефект имаат жестоките реакции од синдикатите, според кои предложените мерки од страна на СДСМ ќе ги погодат најсиромашните слоеви од јавниот сектор, лидерот на партијата Зоран Заев во интервјуто за Фактор вели дека ако убаво се погледнат мерките може да се види сосема спротивното:

-Целта на нашите мерки е да се спречи губење на работни места, да се спречи луѓе да немаат приход, да останат и без работа и без егзистенција, но и да не се загрози одржливоста на буџетот.  Целата оваа ситуација, прво со здравствената, а потоа и со економската криза од коронавирусот, не е пријатна за никого. Јасно е дека никој не сака да му се нарушат редовните месечни примања, но затоа секој треба да сфати дека со ова дел од товарот носиме сите, но воедно им помагаме и на оние кои поради тоа што не работат заради коронавирусот, се соочени да не добијат никава плата во следните месеци. Мораме да мислиме на сите, и тие да добијат барем минимална плата, за да имаат што да трошат, да си обезбедат храна за себе и своите семејства во овие кризни времиња, истакнува Заев во интервјуто за Фактор.

Смета дека сега е време за солидарност, секој да помогне на секого. Работникот од јавниот сектор да му помогне на работникот во приватниот, на пример. Затоа што администрацијата се финансира доминантно од приватните бизниси.

-Никој не може да дознае колку кризата ќе трае и какви последици ќе остави врз светската економија. Затоа, подобро е два месеци да се издржи и да се стиснат заби, отколку да се доведеме во ситуација, државата да нема пари да ги финансира основните функции.  Повторно ќе кажам, време е за солидарност, време е секој од нас да помогне во надминување на кризата, а најголем дел од товарот секако да понесат оние најбогатите, вели Заев.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра