19 Мај, 2024
0.0369

Заев за Financial Times: Ципрас стравуваше дека со Преспанскиот договор ќе станеме „политички мртовци“

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев во интервјуто за Financial Times вели дека за време на договорањето на Преспанскиот договор тој и шефот на грчката влада Алексис Ципрас стравувале дека ќе станат „политички мртовци“ , но вели дека како одминува времето сега се зголемува поддршката за спогодбата.

За членството во НАТО смета дека голема е честа да се седне рамо до рамо и да се одлучува заедно со останатите земји-членки со еднакво право на глас.

"Еден глас за нашата Северна Македонија, еден глас за Велика Британија, еден глас за САД, еден за Германија ... ние ќе бидеме еднакви таму. и тоа е голема чест за нас. ", вели Заев на едно од прашањата.

Осврнувајќи се на загриженоста на Русија во врска со проширувањето на НАТО, Заев вели дека не очекува никакви проблеми, бидејќи не ја смета неговата земја за закана за никого и дека сака повеќе соработка со Москва.

Осврнувајќи се на Преспанскиот договор, весникот пишува дека многу сограѓани го обвинија за прекумерни отстапки. Но, тој забележува дека поддршката за Преспанскиот договор се зголемува и дека граѓаните "ги следат лидерите кои прават тешки одлуки".

Тој додава дека за време на потпишувањето на договорот, поддршката за неговата земја била само 17 отсто од населението, а сега бројката е 60 проценти.

Зоран Заев потоа се осврнува на економската перспектива на неговата земја, велејќи дека очекува финансиски бенефит од Преспанскиот договор, членството во НАТО и од спроведувањето на неопходните реформи кои се во тек.


Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево