Заев за името вели нема ништо во четири очи
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2018
Премиерот Зоран Заев денеска побара опозицијата да не шпекулира за преговорите со Грција за името.
„Немојте да шпекулирате дека некој нешто прави во четири очи. Зоран Заев секогаш кога разговарал соопштувал во јавноста. Никола Димитров секогаш кога разговарал соопштувал во јавноста“- рече Заев.
Додаде дека она што е преговарано е пренесено на лидерската средба.
Вели дека прашањето е тешко да се реши, и поради неговата чувствителност треба да се внимава.
Пратеникот Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ претходно го обвини за распродажба на името, јазикот, идентитетот.