Заев за Телма: Не им даваме никаква причина за давање изговор за одлагање на изборите
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2016
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју на Телма вели дека сите случувања од 1 септември наваму се обид на власта да ги одложи изборите, а за тоа да ја обвини опозицијата.
„Сè е јасно, нема повеќе тајни во Македонија. Не е само СЈО, изборните единици, буџетот. Не им даваме никаква причина за давање изговор за одлагање на изборите. Никола Груевски прави сè за да ги одложи изборите за да се одржат со локалните. Никола Груевски се плаши од одговорност и бега од казната, ако не се плаши ќе дадеше можност на неговата пратеничка група да даде поддршка на двете законски решенија“ - рече Заев.
Тој вели дека ова што се случува е веќе видено сценарио.