ЗАГРОЗЕНИ ПОЛОВИНА МИЛИОН ЛУЃЕ: Се разбуди вулкан кај Неапол
Објавено во: Свет 02 Јануари, 2017
Вулканското подрачје во јужна Италија недалеку од Везув може да еруптира.
Тоа ќе загрози над половина милион луѓе, сметаат стручњаците.
Се верува дека магмата во тој регион достигнала критично ниво.
Во овој дел кој е густо населен се забележани деформации на земјината кора и загревање.
Во раните деведесетти се забележани промени кај вулканот, околу 2000 година имало мирување и повторно пред десет години имало промени.
Во 2010 година поради вулкански активности се затворени воздушните простори во некои европски земји, затоа што пепелот може да лета во воздух и да ги оштети моторите на авионите.
Италија има неколку активни вулкани, а Неапол е сеизмички активен.