16 Јуни, 2019
0.0193

ЗАГУБИ ОД МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Во кои акции „Беркшир Хатавеј“ вложува долгорочно?

Објавено во: Финансии 25 Февруари, 2019

Беркшир Хатавеј долгорочно се обложувал на компании како што се Епл, Голдман Сакс и Американ Експрес, открил во своето годишно писмо до акционерите сопственикот на таа компанија , милијардерот Ворен Бафет.

Писмото покажало дека инвестицијата на Беркшир во Епл е вредна повеќе од 40 милијарди долари во смисла на пазарната вредност кон крајот на 2018-та година. Вложувањата на Беркшир во Голдман Сакс и Американ експрес се вредни 3,13 милијарди долари, односно 14,45 милијарди долари.

Вложувањата на Бафет од минатата година немале позитивна година поради пресвртот на пазарот во четвртото тримесечие, но долгорочниот инвеститор не е претерано возбуден од краткотрајните застои.

Бафет во писмото наведува дека Беркшир претрпел загуба од 20,6 милијарди долари „од намалувањето на износот на нереализирани капитални добивки кои постоеле во нашите инвестициони фондови“.

Севкупно, обичните акциски инвестиции на Беркшир изнесувале 172,75 милијарди долари пазарна вредност на крајот на 2018-та година во однос на 170,54 милијарди на крајот на 2017.

Акцискиот удел на Беркшир Хатавеј во компании на крајот на 2018-та:

1 American Express              14.5 (милијарди долари)

2 Apple                                   40.3

3 Bank of America               22.6

4 BNY Mellon                         4.0

5 Charter Communications  1.9

6 Coca-Cola                            18.9

7 Delta Air Lines                     3.3

8 Goldman Sachs                    3.1

9 J.P. Morgan Chase              4.9

10 Moody’s                               3.5

Можеби ќе ве интересира

ЛЕКАР 30 ГОДИНИ БИЛ ВО БРИТАНИЈА: Еве што никогаш не наведуваат во огласите

ЛЕКАР 30 ГОДИНИ БИЛ ВО БРИТАНИЈА: Еве што никогаш не наведуваат во огласите

Колку заработуваат сезонците на Јадранот по час?

Колку заработуваат сезонците на Јадранот по час?

МЛАД ЗАНАЕТЧИЈА: На само 19 години станал претприемач

МЛАД ЗАНАЕТЧИЈА: На само 19 години станал претприемач

ЛИСТА НА ПЛАТИ ВО ГЕРМАНИЈА: Кој највеќе, а кој најмалку заработува?

ЛИСТА НА ПЛАТИ ВО ГЕРМАНИЈА: Кој највеќе, а кој најмалку заработува?