ЗАХАРИЕВА СЕ ЗАКАНИ: Скандалот во кој е запрена пратката бугарски книги на Деве Баир ќе биде презентиран во Европската Комисија
Објавено во: Македонија 28 Март, 2021
Уште една
протесна нота до Скопје стигна од официјална Софија откако 920 книги не биле
пуштени на граничниот премин Деве Баир
Шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева се закани, и како што рече скандалозниот чин на властите во Република Северна Македонија ќе биде презентиран на Европската комисија и на амбасадите на земјите члекнки на ЕУ во Скопје.
Во нејзината објава на Фејсбук, Захариева наведува дека смбасадата на Бугарија во Скопје испрати протестна нота до македонското Министерство за надворешни работи поради одлуката на царинските власти на граничниот премин Деве Баир да запрат пратка од 920 бугарски книги наменети за Бугарскиот културно-информативен центар во Македонија
-Бугарските народни песни од браќата Миладинови беа транспортирани од бугарскиот граѓанин Виктор Стојанов, кој приложил договор за донација на цариниците на Деве Баир, со кој книгите треба да се обезбедат за нашиот културен центар. И покрај тоа што конзулот бил испратен на самото место од нашата амбасада во Скопје, царинските власти побарале претходната дозвола од Министерството за надворешни работи на РСМ да се усогласи со Министерството за култура на РСМ. Со оваа нота Амбасадата бара објаснување зошто е наметнато посебно овластување за увоз на литература од земја членка на ЕУ, што не е регулирано никаде и е апсурд во 2021 во земја која тврди дека сака да се приклучи на ЕУ. Скандалозниот чин на властите во Република Северна Македонија ќе биде презентиран на Европската комисија и на амбасадите на земјите члекнки на ЕУ во Скопје“, посочува Захариева.