18 Мај, 2024
0.0521

Захариева вели дека Македонија треба да се реформира

Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Екс бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева бара Договорот за добрососедство да влезе во преговарачка рамка. 

Вели дека интересот на Бугарија е Македонија да се реформира. 

Во интервју за агенцијата БГНЕС, Захариева изјави дека фокусот на Македонија не бил да започне преговори со ЕУ, туку бугарските барања да не влезат во Преговарачката рамка.

„Мојот апел до министерката Теодора Генчовска е: Не ја заборавајте Преговарачката рамка“, изјави Захариева.

Таа ја предупреди актуелната Влада да биде повнимателна во очекувањата во однос на Македонија.

„Вие знаете колку пати низ годините Бугарија подавала рака, колку пати дури сме ги затворале очите, надевајќи се дека со подадена рака, благ тон и добри намери работите ќе се сменат и ќе одат на подобро. За жал, тие не само што не одат на подобро, туку имаме еден чекор напред и три назад, не два“, објаснува Захариева.

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска вели дека бугарското МНР строго ќе го почитува договорот меѓу Бугарија и Македонија. 

За изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека посетата на премиерот Кирил Петков на Скопје била избрзана, Генчовска одговори дека тоа е мислење на претседателот и не може да го коментира.

Генчовска истакна дека се во директен контакт со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, а тимот од МНР е во директен контакт на експертско ниво. 

Бугарскиот премиер Кирил Петков на 18 јануари ја посети Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање