Законот за ратификација за договорот со Грција тргна од Влада кон Собрание
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2018
Владата на Република Македонија на денешната 74 седница го разгледа и усвои Предлог – законот за ратификација на договорот со Грција потпишан вчера во Преспа.
Целокупното име гласи „Предлог-закон за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните“ и истиот во Собранието на РМ влегува на предлог на Министерството за надворешни работи.
Предлог-законот за ратификација денес ќе биде доставен до Собранието на Репубика Македонија.