ЗАЛУДЕН РЕФЕРЕНДУМ: Британија нема да покрене процес на излез од ЕУ?
Објавено во: Свет 27 Јуни, 2016
Велика Британија можеби никогаш нема формално да покрене процес на „развод“ со Европската унија и покрај референдумот на кој е одлучено таа земја да излезе од Унијата.
„Лично сметам дека тие никогаш нема да ја известат Европската унија за намерата за излез“, рекол неименуван дипломат од ЕУ.
Државата која излегува од ЕУ мора и формално за тоа да го извести Европскиот совет според член 50 по Лисабонскиот договор од 2007 година, наведува агенцијата АФП.
Дипломатот не прецизирал дали смета дека Британија тоа ќе го избегне со одржување на нов референдум, или едноставно ќе го развлекува процесот за да извлече повеќе од тој развод, но навел дека тоа е одлука на Лондон.
АФП наведува дека партнерите на ЕУ сметаат дека тоа официјално известување треба да биде упатено најдоцна до 25 декември.