02 Мај, 2024
0.0279

ЗАМИНУВА БАНКАРСКАТА 2017: На “врвот“ станбените и потрошувачките кредити!

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Петти месец по ред, кредитирањето на фирмите е во негатива. И во октомври е регистриран негативен кредитен тренд кај корпоративниот сектор. Според податоците од Народната банка, вкупните кредити оствариле минимално месечно зголемување од 0,1% и тоа како резултат на растот на кредитирањето на секторот „домаќинства“, во услови кога кредитниот раст на корпоративниот сектор континуирано бележи негативни месечни стапки од јули 2017 година наваму. Анализирано на годишна основа, кредитниот раст од 4,8%, во најголем дел се потпира на растот на кредитите кај секторот „домаќинства“.

“Во текот на овој месец, вкупните кредити на корпоративниот сектор регистрираат месечен пад од 0,2%, кој произлегува од намалувањето на девизните кредити, при раст кај денарското кредитирање. На годишна основа е забележан кредитен раст од 0,9%, при што зголеменото кредитирање на корпоративниот сектор во денари беше делумно нетирано со падот на кредитирањето во странска валута“ – посочуваат од Народната банка.

Во октомври, вкупната кредитна изложеност на банките изнесувала 4 671 902 439 евра. Од нив 2,4 милијарди евра се кредити пласирани во корпоративниот сектор а 2,3 милијарди евра се кредити на население.

Населението најмногу е задолжено по основ на потрошувачки кредити кои достигнаа износ од 1,15 милијарди евра, следуваат станбените кредити со ниво од 622,2 милиони евра, потоа кредитните картички со изложеност од 201,2 милиони евра. По основ на негативни салда на тековни сметки,  граѓаните должат 107,7 милиони евра.

“Кај вкупните кредити на домаќинствата е остварен месечен и годишен раст од 0,5% и 9,3%, соодветно. Притоа, зголемената кредитна активност кон домаќинствата на месечно и годишно ниво главно е сконцентрирана кај денарските кредитни продукти“ – се наведува во новиот објавен извештај на НБМ.

На месечна основа, по подолг период, забележан е пораст кај автомобилските кредити, чиј износ на крајот од октомври изнесувал 5,0 милиони евра. На годишна основа сепак, кај автомобилските кредити има пад од 5,6%.

На годишна основа, најголем раст од 13,7% има кај станбените кредити додека годишниот раст на потрошувачките кредити изнесува 11,3%.

Раст на депозитите на граѓаните и на фирмите...

На истекот од оваа 2017 година, продолжува трендот на пораст на штедењето. Октомвриските податоци покажуваат раст на депозитите и на домаќинствата и на фирмите. Штедењето на населението на годишно ниво е со раст од 5,3%.

“Вкупните депозити на домаќинствата во октомври бележат раст на месечна и на годишна основа од 0,4% и 5,3%, соодветно. Притоа, месечниот раст во целост произлегува од нагорната промена кај девизните депозити, додека годишниот раст е распределен помеѓу депозитите во денари и во странска валута, со поголемо учество во растот на денарските депозити  од 58,1%“ – соопштуваат од Народната банка.

Пораст на депозитината база има и кај коропоративниот сектор. Имено, во октомври е евидентиран месечен раст од 3,5%, во поголем дел заради зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута. Споредено на годишно ниво, растот на корпоративните депозити изнесува 7,2%, и  според анализата на НБМ; се должи на растот на депозитните пари, долгорочните депозити во денари и на краткорочните депозити во странска валута.

На крајот од октомври вредноста на вкупното штедење изнесува 5 273 886 178 евра. Од нив, 1,3 милијарди евра се депозити на корпоративен секотр а 3,6 милијарди евра се депозити на домаќинства.

Сумирано, вкупните депозити во октомври бележат месечна стапка на раст од 1,1%, главно поради зголемувањето на депозитите на корпоративниот сектор кои имале придонес од 82,4% во месечниот раст. Од друга страна, стапката на годишниот депозитен раст од 6,1% се должи на зголемувањето на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“ од 60,5%.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија