14 Мај, 2024
0.0258

ЗАМРЗНАТИТЕ ЦЕНИ ВОДАТ КОН ЗАГУБИ КАЈ КОМПАНИИТЕ – Ќе имаме пазарна или планска економија?

Објавено во: Економија 30 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Ќе има ли недостиг на некои прехрамбени производи, или пак, на хигенските продукти низ маркетите поради владините одлуки за замрзнување на цените во земајва. Економистите посочуваат дека оваа непопуларна мерка може да резултира со намалување на понудата, но сметаат дека „празни полици“ нема да видиме поради обврската компаниите да испорачуваат 70 проценти од производството кое го испорачале во претходните месеци.

Сепак, укажуваат дека оваа непопуларна мерка ќе биде на шетата на компаниите и дека има други мерки кои можат да се применат во вакви ситуации, кои се таргетирани кон ранливите категории.

- Станува збор за административни мерки спротивни на принципите на пазарната економија. Змрзнувањето на цените не обезбедува сигурност дека утре цените ќе обезбедат бенефит за производителите. Ваквите замрзнати цени ќе имаат бенефит за граѓаните и позитивно може да се одразат врз инфлацијата, но тоа може да биде штетно за понудата. Најчест проблем кој се појавува по замрзнување на цените е недоволната понуда на некои производи. Иако, во оваа ситуација државата ги обврза компаниите да достават одредена количина од производите кои и претходно ги доставувале и да се избегне недостигот на производи – вели универзитетскиот професор Зоран Ивановски од Универзитетот за туризам и менаџмент.

Ивановски за Фактор потенцира дека сепак ова не е гаранција дека нема да се појави незадоволство кај компаниите, кои поради замрзнатите цени ќе се соочат со намален прилив, намалена заработка, што пак вели професорот негативно ќе се одрази врз нивните идни инвестиции и подобрување на работата на компанијата, а тоа може да води и кон нерантабилност на компаниите, во најлош случај и нивно затворање.

- Сега е клучно да одредиме каква екномија сакаме: пазарна или планска економија каде државата ќе ги диктира цените на производите. Со инфлацијата може и со други мерки да се бориме, не мора тоа да е со неппопуларни мерки на замрзнување на цените – вели професорот Ивановски.

Тој дополнува дека може да се применат конкретно насочени мерки кон ранливите категории на граѓани, преку поголема финансиска поддршка само на оние на кои им е потребна помош, поточно таргетирани категории на граѓани.

- Други мерки со кои може да се влијае врз инфлациајта е преку намалување на даночните оптеретувања на компаниите, со намалување на даночни стапки, со царински ослободувања, или пак преку интервенции со државните резерви. Со државните резерви може да се зголеми притисокот на пазарот и да се зголеми понудата, па на тој начин да се намалат цените на производите. Факт е дека не може на долг рок да се држат замрзнати цените – потенцира професорот Ивановски.

Во текот на вчерашниот ден министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека се носи нова одлука со која ќе се замрзнат центие на тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигенски влошки кои се применувале на 20 март во трговијата на мало, а цените ќе се намалат за 13 отсто. Претходно Владата донесе одлука за замрзнување на цента на лебот и на дел од тестенините, како и на јајцата и оризот.

Министерот за економија Крешник Бектеши појасни дека одлуката за намалување на цените на хигиенските производи се носи бидејќи Законот за намалување на ДДВ на овие производи се уште не е усвоен во Собранието.

Воедно Бектеши потенцира дека нема да дојде до нагло поскапување на производите кога ќе престанат да важат владините одлуки за замрзнување на цените.

- Значи, нема никаков ризик од зголемување на цените, производителите и трговците може да направат калкулации согласно постечките цени на суровините и другите параметри како влезни во утврдувањето на финалната цена. Сите моментно се со маржа на профит и со цените утврдени од Владата - истакна министерот.

Во врска со ставот на бизнисот дека замрзнувањето на цените не е пазарна мерка и наместо тоа е подобро да се интервенира преку стоковните резерви, Бектеши рече дека замрзнувањето на цените дава резултат и тоа граѓаните може да го забележат во секојдневното пазарење.

- Имам  голема почит кон стопанските комори. Ако во државните резерви има хигиенски производи, овошје и зеленчук, тогаш ќе ги активираме ама мислам дека треба да бидат подобро информирани кога излегуваат со вакви изјави, дека во стоковните резерви нема резерви на вакви проиозводи. Пченица и брашно има, но тоа сега не е тема. Делот за замрзнување на цените на леб, ориз, печница,... даваат резултати и тоа граѓаните секој ден го чуствуваат кога пазарат - потенцира Бектеши.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра