27 Април, 2024
0.2345

Западен Балкан покриен со снег, кај нас засега само дожд

Објавено во: Балкан 14 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Снежните врнежи и студеното време, кои во понеделникот го опфатија северозападниот дел на Балканскиот полуостров, предизвикаа сериозни проблеми во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Хрватска беше покриена со снежна бура во понеделникот, што доведе до пауза во траектниот сообраќај и предизвика хаос на патиштата. 

Областите околу Капела, Слим и Горски котар беа најзасегнати.

Властите предупредија за опасност од одрони на патиштата, забрането беше движењето на камиони со приколки . Контролен пункт "Пасjaк" на границата на Хрватска со Словенија беше затворен. 

Ситуацијата во Словенија е комплицирана и од лошите временски услови. Сообраќајот на пат на Љубљана-Копер е отежнат. Снег падна во Сараево уште во понеделникот, но метеоролозите предупредуваат дека провејувањата ќе се засилат и ќе ги опфатат и останатите делови на земјата. Очекувањата се за формирање на околу 15 сантиметри снежна покривка. 

Температурите драстично паднаа, а во главниот град на Босна и Херцеговина паднаа под нулата. Жолта предупредувачка фаза останува во сила во земјата.

Во исто време, во Црна Гора сè уште е на сила црвен предупредувачки аларм, поради обилните врнежи, силните ветришта и грмотевици. Алармот важи низ целата земја. Облачно и ладно време ја опфати и Србија. Планините и високите делови на југозападниот дел на земјата се очекува да имаат снег.

Кај нас времето е претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои повеќе ќе бидат застапени во западните и северните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени. Во Скопје температурата до 15 °C.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната