11 Декември, 2025
1.1942

Западните банки ги повлекуваат парите од “нова“ Европа

Објавено во: Свет 14 Ноември, 2012 12:10

Добивај вести на Viber

Западните банки повлекуваат пари од земјите на Централна, Источна и Југоисточна Европа, вклучително и Хрватска, подари што темпото во вториот квартал се  забрза,соопштува групата на меѓународните кредитори и регулатори. Виенската иницијатива беше формирана во јануари 2009 година. На иницијатива на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која преку соработката на банките, регулатори и меѓународните финансиски институции ќе овозможи да се спречи колапсот на финансискиот систем во Источна Европа погоден од финансиската криза. Групата ги собра  и претставниците на ЕБОР, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Светската банка, Европската комисија и Европската централна банка како набљудувач. Иницијативата повторно ги прати  трендовите во регионот во тримесечниот квартален  извештај и вториот последователен каде се истакнува дека банките во период од 12 месеци до крајот на јуни го намалиле финансирањето на  банки и компании во регионот на нова Европа, со исклучок на Русија и Турција, што е еквивалентно на 4 , 1 отсто од БДП. Од трендот за раздолжување  најтешко се погодени Унгарија и Словенија, каде што банките го намалија финансирањето на 10 до 15 проценти од БДП. По нив следуваат  Бугарија, Хрватска, Литванија и Србија, каде што финансирањето е намалено до 10 отсто од БДП. Само во вториот квартал, банките го намалија финансирањето во регионот, со исклучок на Турција и Русија за 0,8 отсто од БДП, во споредба со претходните три месеци, кога намалија за 0,3 проценти. Ако во обзир се земат  овие две земји заедно, намалувањто е само 0,2 проценти од БДП, благодарение на големите капитални приливи во Турција. Поради намалувањето кредитите за домаќинствата и бизнисите во регионот бележат раст од 1,3 проценти  во 12-месечниот период кој завршува заклучно со јуни, додека во Русија и Турција во истиот период минатата година забележан е раст за  5,7 проценти.  Во Хрватска, Унгарија, Црна Гора, Словенија заемите се намалени. Се очекува основните тензии на финансиските пазари да започнат откако Европската централна банка (ЕЦБ) ја објави програма за купување обврзници од задолжените земјите од еврозоната.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени

(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени

Трамп за Европа: Мислам дека се слаби

Трамп за Европа: Мислам дека се слаби

Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?

Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?

Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?

Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?