Запален автомобилот на Хари Локвенец по потпишувањето на договорот во Преспа
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2018
Запален е автомобилот на пратеникот на СДСМ од Прилеп, Хари Локвенец. Инцидентот се случил откако беа објавени фотографиите од Преспа, од потпишувањето на договорот за името со Грција, на кое присуствуваше и тој.
Во телефонски разговор со Локвенец, тој изутринава не сакаше да го коментира настанот, упатувајќи на повеќе информации во билтенот на МВР.