Запленети над 200 илјади евра на екс романскиот премиер
Објавено во: Свет 19 Октомври, 2016
Специјалното јавно обвинителство на Романија ја продолжува битката со корупцијата со тоа што на поранешниот премиер Виктор Понта побара да му бидат запленети 220 илјади евра од личната сметка кои ги добил од коруптивна зделка.
Понта бил потплатен од романски бизнисмен кој за возврат бил ставен на добитно место на пратеничка листа на Социјалдемократската партија, а потоа добил мандат во округот Прахова во парламентот во Претставничкиот дом.
Според антикорупциските обвинители, Понта ги искористил парите за да организира посета на Романија на странски популарен политичар со цел подигнување на рејтингот пред избори. Понта ја организирал посетата на поранешниот британски премиер Тони Блер преку невладина организација. Било претставено дека средбата Понта – Блер била на барање на поранешниот британски премиер.
Гица е сопственик на телевизијата ТеВеРе и близок пријател на Понта. Гица исто така е обвинет за низа дела, меѓу кои давање на поткуп, уцена, купување на влијание и друго.