19 Мај, 2024
0.0318

Започна судењето за „Талир“: Игор Јанушев повикан во име на обвинетото ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев е повикан на денешниот старт на рочиштето за случајот „Талир“ на СЈО во име на обвинетото ВМРО-ДПМНЕ како правен субјект за незаконско финансирање.

По денешното судско рочиште за предметот „Талир“, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ,Јанушев изјави дека се работи за политички прогон врз неговата партија.

„Јасно и недвосмислено се покажува фактот дека целиот овој политички процес е всушност политички прогон кон најголемата политичка партија во Република Македонија“ рече Јанушев, кој додаде дека не сака да ги коментира индивидуалните изјави на Елизабета Чингаровска, која го овозможи истото финансирање како управител со хартии од вредност. Таа лани ја призна вината и доби условна казна, а сега е повикна во својство на сведок.

Пратеникот Илија Димовски, еден од обвинетите, на 13 февруари со писмен поднесок го известил судот дека од 17 до 21 февруари ќе биде во Брисел на комитет на парламентарното Собрание на НАТО. Како шеф на делегацијата од Македонија имал неодложно службено патување.

На судењето беа присутни останатите обвинети Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, како екс-владини функционери, додека Никола Груевски е недостапен за правосудните органи.

Следното рочиште е закажано за 7 март во 10 часот.


Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево