Започнува квотното распределување на мигранти во земјите на ЕУ
Објавено во: Балкан, Свет 09 Октомври, 2015 10:48
Почнува квотното раселување на мигрантите во земјите од Европската унија.
Првите опфатени со шемата, ќе бидат 16 еритреици кои ќе бидат префрлени од Италија во Шведска.
Во меѓувреме, ЕУ се залага да им помогне на балканските земји и соседите на Сирија, кои се погодени од бегалскиот поток кон Европа, а истовремено ја побара нивната соработка за споделување на товарот од миграционата криза.
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини апелира да се најдат "заеднички одговори и заеднички решенија на еден општ предизвик".
Таа упати повик на конференцијата на ЕУ во Луксембург со учеството на земјите од Западен Балкан, Турција, Либан и Јордан.
Во завршната декларација ЕУ ветува поголема финансиска помош, но и сака да се отворат нови регистарски центри, да постои ефикасна гранична контрола и да се води борба против организираниот шверц на луѓе.
Според податоците на ОН од почетокот на годината по "Балканскиот пат" во Европа пристигнале 428 000 луѓе. Се очекува Советот за безбедност на ОН да гласа дали да ја одобри европската морска операција, чија цел е да бидат пресретнувани бродови и уапсени шверцери на луѓе во меѓународните води меѓу Италија и Либија.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




