26 Март, 2019
0.0178

Заработиле три милијарди долари а само пуштија игра која го зарази светот

Објавено во: Финансии 29 Декември, 2018

Компанијата „Epic Games“ во 2018-та заработила 3 милијарди долари, најмногу поради популарноста на нејзината игра „Fortnite“, објави Форбс.

„Fortnite“ е бесплатна за играње, но повеќето од околу 125 милиони играчи во неа потрошиле барем малку пари. Сезонска пропусница (Battle Pass) чини 10 долари, а тука се низа предмети за играта кои може да се купат во онлајн продавница.

Специјализираните портали пренесуваат дека успехот на играта на сите платформи PS4, Xbox One, PC, Nintendo Switch, Android и iOS - резултирал со добивка од 3 милијарди долари во текот на 2018-та. Се работи за добивка, а не за приход на компанијата, напоменуваат од Форбс.

Кинеската компанија „Tencent“ поседува 40 посто акции во „Epic“. Неодамна неколку инвестициони компании вложиле во неа дополнителни 1,25 милијарди долари.

Форбс наведува дека „Fortnite“ е забавна и заразна игра која може да ја играат сите. Бесплатна е, освен што сезонскиот Battle Pass чини 10 долари, а во играта може да се заработи и низ секојдневни предизвици.

Најголемиот предизвик за  „Epic“ е да ја одржи играта забавна и свежа во месеците и годините кои доаѓаат, пренесува Index.

Можеби ќе ве интересира

Скопјанец остварил приход од 212 милиони денари, стружанец добил 202 милиони од дивиденди

Скопјанец остварил приход од 212 милиони денари, стружанец добил 202 милиони од дивиденди

ТОП ПРОФЕСИИ НА ИДНИНАТА КОИ СЕ НАЈБАРАНИ, НО И ДОБРО ПЛАТЕНИ: Школувајте ги децата за нив, ќе вреди!

ТОП ПРОФЕСИИ НА ИДНИНАТА КОИ СЕ НАЈБАРАНИ, НО И ДОБРО ПЛАТЕНИ: Школувајте ги децата за нив, ќе вреди!

Совети кога треба да почнете да штедите

Совети кога треба да почнете да штедите

Почнал со еден компјутер во соба, а денес ги подучува другите како до успешен бизнис

Почнал со еден компјутер во соба, а денес ги подучува другите како до успешен бизнис

Можност за успешна кариера и заработка: Пријавете се и искористете ја шансата која ви се пружа

Можност за успешна кариера и заработка: Пријавете се и искористете ја шансата која ви се пружа

Драконска казна за гигантот Гугл: Трета од неколку милијарди за две години

Драконска казна за гигантот Гугл: Трета од неколку милијарди за две години

Од хобито направиле бизнис од кој денес живеат нивните семејства

Од хобито направиле бизнис од кој денес живеат нивните семејства

СДСМ земал кредит за избори и го вратил еднократно

СДСМ земал кредит за избори и го вратил еднократно