19 Мај, 2024
0.0621

Затворска казна за обид за физичко насилство над Заев и Спасовски

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Петре Жежовски, еден од обвинетите за упад во собранието на РМ на „крвавиот четврток“, е казнет со 2 години и 10 месеци затвор откако се пресметувал со обезбедувањето и имал намера да им нанесе физички повреди на актуелниот премиер Зоран Заев и актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој ја признал вината пред Кривичниот суд, дознава „Макфакс“. Во пресудата пишува дека на 27 април по 18 часот и 30 минути Жежовски влегол во Собранието, извршил насилство врз повеќе граѓани, грубо навредувал и ја загрозил сигурноста на присутните.

Осудениот Жежовски физички нападнал полициски службеник, го стегналсо двете раце за вратот а потоа, сега осудениот, со други лица, со туркање влегле во прес-салата на Собранието, каде што физички го нападнале обезбедувачот на Оливер Спасовски, Сашо Тасевски. Според пресудата, Жежовски го удирал со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа и со метални ногарки од канцелариски стол се обидел да го замавне и кон Оливер Спасовски. Жежовски се обидел да го удри и Зоран Заев, но не успеал.

Оштетените Зоран Заев, Оливер Спасовски и Сашо Тасевски можат да бараат отштета во постапка во граѓанскиот суд во Скопје. Ова е трето признание на вина, откако претходно за кривичното дело „насилство“ вина признаа обвинетите Васко Цунгаревски и Димитар Попоски.


Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама