ЗАСТОЈ НА ТАБАНОВЦЕ: Оne Stop Shop на Заев и Брнабиќ не функционира
Објавено во: Македонија 07 Септември, 2019
Застој има на граничниот премин Табановце на излез од Македонија кон соседна Србија.
Граѓаните кои решиле продолжениот викенд да го поминат во Србија, чекаат во колони на граница.
Неодамна премиерот Зоран Заев со српската колешка Ана Брнабиќ го промовираа проектот One Stop Shop кој требаше да го забрза поминувањето на границата.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на граничниот премин Богородица каде времето на чекање е од 30-45 мин“, стои во извешатајот на АМСМ.
Сообраќајот се одвива по влажни коловози.
фото Фактор