ЗАТВОРЕНИ ГРАНИЦИ И РЕСТРИКЦИИ: Во оваа земја луѓето гладуваат
Објавено во: Свет 09 Јуни, 2020
Луѓето во Северна Кореја гладуваат, велат од Обединетите нации.
Експерт за човекови права на Обединетите нации денеска предупреди на „распространети недостиг на храна и неисхранетост“ во Северна Кореја.
Состојбата е влошена поради пет месечното затворање на границата со Кина и рестриктивните мерки против коронавирусот.
Томас Ојеа Квинтана, специјалниот известувач за човекови права за Северна Кореја, го повика Советот за безбедност на ОН „да ги разгледа санкциите“ наметнати на таа изолирана земја со цел да се обезбедат пратки со храна.
Северна Кореја имаше недостиг на храна во средината на 90-тите години, и тогаш починале до 3 милиони животи.
Оваа азиска земја е единствената во светот која не пријавила случаи на заразени со коронавирус до Светската здравствена организација.