Затворски казни за напаѓачите на Заев и Груби
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2018
Основниот суд Скопје 1 изрече уште две пресуди за упад и насилничко однесување во Собранието на 27 април.
Васко Цунгаевски е осуден на една година и три месеци затвор за насилство врз премиерот Зоран Заев, а Димитар Поповски доби условна казна затвор од две години за насилство врз пратеникот на ДУИ, Артан Груби. Двајцата обвинети признале вина.
Осудените имаат право на жалба до Апелациониот суд.