30 Април, 2024
0.0280

Зaев: Уште 200 милиони евра за завршување на националниот гасовод

Објавено во: Економија 06 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев на денешниот увид на почетокот на изградбата на интерконекторот со Косово кај Семениште, каде што поминува магистралната линија Скопје – Тетово - Гостивар, рече дека ќе бидат потребни уште 200 милиони евра за завршување на националниот гасовод.

Ова претседателот на Владата го констатираше во разговор со директорот на Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, а на увидот присуствуваа уште министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за економија Крешник Бектеши.

- Останатиот дел од магистралниот гасовод е 70 милиони евра, а интерконекторот со Грција ќе биде 54 милиони. Со се останато уште 200 милиони евра че бидат потребни за завршување на националниот гасовод, рече Заев.

Директорот Реџепи додаде дека за изградба на еден километар се потребни 430.000 евра по километар.

- Интерконекторот од Неготино до Гевгелија има студија за животна средина, јавни расправи се водат во општините,  па потоа ќе се усвои студијата. Има инфраструјтурен и основен проект и очекувам во втора половина во 2021 да ја имаме целата документација за да почне градбата. Кичево - Охрид и Охрид - Битола ќе се проектираат следната година, реферираше првиот човек на националното претпријатие кое го гради гасоводот.

Заев рече дека интерконекторот со Косово е од исклучителен интерес за Македонија.

„Скопје-Тетово-Гостивар од 86 километри заклучно со септември е реализирана 66 отсото и очекувам да биде завршен до втората половина следната година заедно со мерните станици и краковите кон градовите. Од Клечовце до Неготино е завршена работата, додека Неготино - Прилеп - Битола е до 92 проценти, тврди Заев.

Министерот за економија Крешник Бектеши додаде дека кога се ќе биде комплетирано, Македонија ќе биде транзитна држава на природен гас за неколку соседи како Косово, Србија и Црна Гора.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи