Заврши референдумот на студентите, Чавков дојде на Правен
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2016
Гласачките места на првиот студентски референдум кој го организира „Студентски пленум“ се официјално затворени. Резултатите од референдумот ќе бидат објавени после 18 часот, соопштија од Пленумот.
Половина час пред затварањето на гласачките места беа излезени над 2.600 студенти кои се изјаснуваа какво студентско организирање сакаат.
- Гласањето оди слободно и без никакви проблеми. Особено задоволство како студенти ни преставува тоа што не мораме да бегаме со кутии и да повикуваме полициски единици за да направиме избори, изјавија претходно денеска од Пленумот.
Неочекувано на Правниот Факултет се појави доскорешниот министер а сегашен директор на БЈБ, Митко Чавков. Припадниците на студентскиот пленум ја искористија можноста да го прашаат Чавков по чија команда полициските специјалци ги избркаа студентите за време на студентските избори.
Зошто Чавков денеска беше во посета на Факултетот и дали тоа е поврзано со студентскиот референдум нема одговор и од МВР, пренесе 24 Вести.