03 Мај, 2024
0.0272

ЗБОГУМ ЗА РАМНИОТ ДАНОК: Добредојде за прогресивното оданочување и новите даночни реформи

Објавено во: Економија 01 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

1 јануари 2019-та. Им кажуваме добредојде на даночните реформи против кои се изјаснија многумина но сепак од денес тие стапуваат на сила.

Во Македонија денес стапува на сила прогресивното оданочување. Тоа значи дека се воведува прогресивен данок со дополнителни осум пропценти данок над месечна брутозаработка од 90.000 денари. Со стапка од 18 проценти ќе се даночи секој износ кој е над овој лимиит.

Од денес персоналниот данок за приходите над 90.000 денари ќе изнесува 18%, но целокупниот закон има и други мерки кои ги опфаќаат и добивките од кирии, дивиденди, игри на среќа и друго што ќе се даночи со единствена стапка од 15%. 

Поранешниот гувернер и министер за финансии Петар Гошев со коментар за Фактор вели дека даночната реформа беше потребна, затоа што конечно мора да се напушти концептот на рамен данок.

Според Гошев ова е само почеток а тој дури вели дека оваа промена е повеќе симболична и ги охрабрува надлежните да одат со порадикални мерки.

„Зошто е ова потребно? Затоа што општество со големи разлики е нехармонично општество, во кое потенцијално поради тоа се зголемуваат и конфликтите и тоа не му е од полза на никому. Во такви околности нема да се создава ниту добар амбиент за бизнис. Добар амбиент за бизнис е во хармонија. Тоа мнозинството го перцепирираат како правично, вели Гошев во текстот кој може да го прочитате тука.

Демагогија е да тврдиш дека со оваа даночна реформа се помага на сиромаштијата и се постигнува некаква правичност, пак вели за Фактор, поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини. Дециден е дека поради тоа што, како што тврди Владата, повисокиот степен на прогресија ќе опфати само еден отсто од популацијата, значи дека нема да има големо значање ниту ефект, ама вели дека е можно да се зголеми даночната евазија. 

„Да правиш реформа која ќе влиаје на еден процент од граѓаните не е ни реформа. Идеолошки прогресивниот данок е полево, додека пропорционалниот (рамниот) е подесно ама колку луѓе има кои земаат над 90.000 денари и како ова ќе влијае, мислам дека нема потреба да се дискутира. Нема големо значање и не мислам дека ќе има ефект на намалување на сиромаштијата, вели Хајредини.

Ако Владата сака суштински промени тогаш треба да ги оданочува навистина богатите и да воведе поголем данок на имот или даноците за наследство, смета екс министерот  за финансии, Трајко Славески .

Тој вели дека со овој вид на данок владата всушност удира по работните места. 

Играте игри на среќа - ќе платите повисок данок

Играчите на игри на среќа од јануари на секоја добивка ќе плаќаат 5% повеќе данок. 

Тие наместо сегашните 10 ќе плаќаат 15% проценти персонален данок.

Во Македонија со ова ќе бидат засегнати околу 600 000 лица. 

Светска банка го поддржува воведувањето прогресивно оданочување и смета дека тоа ќе ги зголеми приходите и ќе ја подобри еднаквоста. Во анализата „Прогресивност и еднаквост во оданочувањето на личните приходи“ стои дека со рационализирањето на даночните ослободувања и воведувањето прогресивност во оданочувањето на личните приходи ќе се зголемат приходите во буџетот. 

По реакциите на експерти, професори, бизнисмени преку Фејсбук статус се огласи и Влатко Огњановски.

Тој мерката за прогресивно оданочување ја толкува како неразумна пишувајќи дека да се менува даночна политика на штета на граѓаните, за да се постигне минорен фискален ефект, според него е неразумна мерка. 

ДАНОЧНАТА РЕФОРМА ЌЕ УДРИ ВРЗ КИРИИТЕ: Еве колку скока данокот на изнајмување стан

Со новиот Закон за личен доход, се зголемува даночната стапка која се плаќа на приходите од закуп. Во оваа категорија спаѓаат доходите кои лицата ги имаат од издавање станови, куќи, дуќани, гаражи, викендици, возила. Сите тие од 2019 година, наместо досегашните 10 отсто ќе плаќаат по 15 проценти данок на парите кои ги оствариле од закупот. Тоа е педесетпроцентно зголемување. Сепак тоа не е се. Во новото законско решение се намалуваат таканаречените нормирани трошоци. Тоа е процент од сумата која на годишно ниво се одзема од вкупниот бруто приход пред пресметката на данокот.

Така ако сега нормираните трошоци изнесуваат 25 проценти за ненаместени простории од следната година процентот е намален на 10 отсто.

За наместени простории нормираните трошоци беа 30 проценти, од 2019 година се намалуваат на 20 отсто.

НОВИТЕ ДАНОЦИ ТРЕБА ДА БИДАТ И ПОРАДИКАЛНИ: Гошев со коментар за новите даночни реформи

„Ова е само почеток и можеби е повеќе симболична отколку суштинска промена. Требаше да биде порадикално затоа што потегот е сосем оправдан. Јас би ги охрабрил да одат со похрабри мерки, вели поранешниот гувернер и министер за финансии Петар Гошев за Фактор коментирајќи ја послената најавена даночна реформа.

Гошев го поддржува напуштањето на рамниот данок и посочува дека во Македонија е потребна редистрибуција на дохдот од луѓето кои имаат неспоредливо повеќе од просечниот граѓанин, а уште повеќе од тие кои се наоѓаат најдолу на пирамидата.

Можеби ќе ве интересира

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години