Здравев: Двајца судии ќе одговараат за 1.500-те заостанати платни налози
Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2021
Претседателит на Судскиот совет, Киро Здравев, на денешниот брифинг со новинарите по завршувањето на седницата рече дека че се бара одговорност од двајца судии откако Обвинителката за гонење на организиран криминал и висока корупција, Вилма Рускоска, пред три дена откри дека кај еден починат курир во неговиот дом биле пронајдени 1.500 заостанати платни налози кои требало да бидат доставени до странки.
- Има барање за двајца судии за случајот со курирот, за утврдување на одговорност. Секој судија си е надлежен за своите предмети и треба да води сметка за тие предмети, рече Здравев.
Рускоска зборувајќи за реформите кои треба да се направат во оваа гранка, го споемна случајот за кој вели дека Буџетот бил оштетен за 20 милиони денари.
- Пред некој ден од Судски совет добив известување дека починал некој курир и кај него во фиока откриени се преку 1 500 платни налози, за прекршоци, за мандатни казни… и со тоа за 20 милиони денари е оштетен буџетот, и тоа зборувам за еден вработен само, кој знае колку има други вакви случаи, напомена обвинителката.