27 Април, 2024
0.0360

ЗДРАВКО САВЕСКИ: Кога луѓето одеа на бродови и собираа портокали, Владата се фалеше со намалување на невработеноста, сега кога се вратија, не сака да влезат во бројката

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Универзитетскиот професор Здравко Савески вели дека според него, сегашните трендови во економијата во земјава, се чудни. Во неговото гостување во емисијата Гласни идеи тој вели дека имаме рецесија, а порасна просечната плата. Порасна просечната плата, а многу луѓе станаа невработени. Дополнително луѓе заглавија во долгови кај банките, ама и заштедите во банките исто така пораснаа. 

Тој зборува и за владините толкувања дека поради ковид кризата невработеноста се зголемила за само 17 илјади граѓани. Смета дека во бројката не треба да не се влезени оние кои своевремено одеа на бродови и собираа портокали по странските земји, а сега се вратија тука и им е отежната егзистенцијата.

Еве дел од неговите размислувања. 

„Самите податоци околу невработеноста се доста противречни. Невработеноста ја мери Заводот за статистика и Агенцијата за вработување. Заводот за статистика утврди дека фактички има намалување на невработеноста во Македонија, што е доста чуден податок ако имаме предвид дека зборуваме за рецесија. Како може да има рецесија, а фактички да е намален бројот на невработени. Бројките кај Заводот за статистика покажуваат намалување на процентот на невработени, бидејќи фактички бројот на активно население е намален. Да не навлегуваме дополнително, тие податоци на Заводот за статистика не се доста меродавни во дадената ситуација. Додека, спротивно, Агенцијата за вработување кажува дека се зголемила невработеноста. И тоа зголемување на невработеноста не е мало, тоа се плус 56 илјади нови невработени во однос на минатата година. Значи, 56 илјади граѓани, тоа воопшто не е мала бројка на луѓе. Тоа е всушност просечниот број на населението во речиси сите наши градови, освен Скопје, Битола, Куманово, Тетово. Значи, имаме голем пораст на невработеноста“, објаснува Савески. 

Таа невработеност, според него, не се должи само на тоа што луѓето ја губат работата. Поради губење на работните места се отприлика 20 илјади граѓани, но тука се наоѓаат и оние луѓе кои прв пат доаѓаат на пазарот на труд и тие не можат да најдат работа или потешко ја наоѓаат.

„Доста лошо е тоа што Владата се труди да се намали оваа бројка велејќи дека поради ковид кризата има само 17 илјди новоневбработени, бидејќи без разлика по која основа луѓето се без работа, тие се невработени. Тука има елемент на безобразлук, бидејќи пред кризата, кога голем број на наши граѓани, не можејќи да најдат работно место тука, одеа на бродови, и сезонски работеа на собирање портокали, тигаш Владата со многу голема жар кажуваше дека се намалува невработеноста. Сега, кога тие луѓе не можат да одат на работа по бродови или по полињата на западните земји, и кога тие се враќаат тука и им се влошува егзистенцијата, тогаш е лошо да влезат во бројката на невработеноста“, вели Савески.  

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра