Здравствените придонеси со подобра наплата за речиси 10 насто
Објавено во: Економија 29 Август, 2018
Наплатата за здравствените придонеси е
зголемена за речиси 10 отсто во првата половина од 2018-та во однос на истиот
период лани, според кварталната
статистика на Управата за јавни приходи, и може слободно да се каже дека е
најголем полугодишен раст на ефикасноста во последните години.
Од почетокот на годината до крајот на јуни наплатени се 13.237 милиони денари, додека истиот период лани собрани се 12.094 милиони денари, што е подобро за 9,45%.
Разликата во 1.143 милиони денари може и да ја намали зависноста на Фондот за здравствено осигурување од дополнителните средства од Основниот буџет на РМ. Во првата половина од 2017-та Фондот за здравствено осигурување работеше со дополнителен трансфер од Основниот буџет на РМ во износ од 2,9 милијарди денари.
Во првите шест месеци поодбрена е наплатата и кај придонеситете за пензиско-инвалидско осигурување за 5,81 отсто, односно 18.126 милиони денари, како и приходите од придонесите за вработување за 6,31 отсто, односно 1.157 милиони денари.