Здравствените работници „вријат на шестка“- гневни на Шилегов
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2018
Градоначалникот Шилегов да внимава што зборува, му порачаа здравствените работници кои во моментов му се премногу бесни на скопскиот градоначалник.
Во изјавите за дел од медиумите лекарите најавија поголем бунт. Се заканија со бунт.
Вработените на Клинички ги разгневи зголемувањето на цената на паркингот која од 350 скокна на 800 денари.
Претседателот на Синдикатот на Клинички упати порака одлуката да се повлече.
-Паркингот не е на Градот, земјиштето е на Република Македонија и бараме да се врати во владение на Клиничкиот Центар а градоначалникот да внимава што зборува-кажа Горан Беговиќ.
Лекарите понижени и навредени му порачаа на Шилегов да се откаже од одлуката а од град Скопје им рекоа дека одлуката е веќе донесена и е важечка.