08 Мај, 2024
0.0270

Здружението на јавните обвинители бара да не се крати Буџетот на Јавното обвинителство

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Здружението на јавните обвинители во Република Македонија испрати допис до надлежните институции, кој ви го пренесуваме во целост.

„По повод Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија, Бр. 44/3200-1 од 07.07.2017 година, доставен од страна на Владата на Република Македонија до Претседателот на Собранието на Република Македонија, Извршниот Одбор на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија упати Барање Ев.бр.0202/39-1 од 21.07.2017 година до Претседателот на Собранието на Република Македонија Г-дин Талат Џафери, Генералниот Секретар на Собранието на Република Македонија, Г-ѓа Цветанка Иванова и до Владата на Република Македонија, да не се крати Буџетот на Јавното обвинителство со претстојниот ребаланс на Буџетот.

Здружението како невладина, непартиска, неполитичка, непрофитна и доброволна организација во која слободно се здружуваат членовите на Здружението има за цел јакнење и унапредување на општествениот статус и углед на јавно-обвинителската функција,  доследна примена на професионалните стандарди и интереси на јавните обвинители, заштита на достоинството и угледот на носителите на јавно-обвинителската функција, усовршување на материјалните и техничко-технолошките услови за работа на јавните обвинители, посебно акцентирајќи ја мисијата на заштита на материјалните и професионалните интереси на членството.

Видно од објавениот Предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија, евидентно е проектираното намалување на средствата на Јавното обвинителство на Република Македонија за 2017 година и тоа од вкупно 259.213 на 237.574, а во однос на средствата предвидени за имплементација на Законот за кривичната постапка, се определуа намалување од 214.455 на 195.130. Во оваа насока, во делот на плати и надоместоци на вкупно 552 вработени во Јавното обвинителство на Република Македонија износот на средствата се намалува од постојните 218.323 на 205.558, додека за обезбедување на стоки и услуги од 39.886 на 28.000.

Обезбедените средства, особено за исплата на плати на јавните обвинители и вработените во обвинителствата се од есенцијално значење за нормално функционирање на јавните обвинителства. Со отпочнувањето со примена на новиот Закон за кривичната постапка на 01.12.2013 година, надлежностите на јавното обвинителство, се зголемија во голем обем, дотолку повеќе што сега јавното обвинителство, како единствен и самостоен државен орган надлежен за гонење на сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела, е носител на истражната постапка. Со оглед на условите во кои работат и функционираат јавните обвинителства, а особено видот и карактерот на работата, посебните услови и постоењето на висок ризик за работа, како и степенот на доверливост, обезбедените средства за тековно работење и плата не се луксуз, туку се неопходни за ефикасно, нормално функционирање и спроведување за работните активности. Вработените во јавните обвинителства имаат огромен обем на работа, десетици илјади предмети во работа, спроведуваат дежурства, истраги, меѓународна правна соработка и работат под посебни услови. Обезбедените средства за тековно работење и плата се неопходност за која долги години се бореше јавното обвинителство.

Кратењето на истите ќе значи неправда и враќање во поранешна состојба.

Во оваа насока, Здружението на јавните обвинители во Република Македонија аргументирано реагира на предложениот ребаланс за 2017 година и упатува барање Буџетот на Јавното обвинителство на Република Македонија да не се намалува од наведените причини.“

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава